СДСМ nа состаноците на Извршниот и Централниот одбор на партијата, ги разгледува кадровските решенија за техничката влада. Она што одама се најавуваше, вечерва се испоставува дека е точно. Технички премиер во Владата која ќе ја води државата до предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април ќе биде Оливер Спасовски, кој важи за близок човек на актуелниот премиер Зоран Заев.
Инаку со овој предлог треба да се сложат и коалиционите партнери на СДСМ како и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За утре пак е најавена средба помеѓу Заев и Мицкоски, на која ќе се дискутира токму за кардовските предлози на партиите за техничката Влада. Доколку се постигне догов, Техничката Влада треба да биде избрана најдоцна до 3 јануари. Улога на Оваа Влада е да ги спроведе предвремените парламентарни избори во април.
фото: Архива