Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев се премисли: Менувањето на имињата на училиштата во Чаир е законски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
02_03_2020_Zaev

После вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата е спротивно од Законот, денеска на својот профил на Фејсбук  екс премиерот Зоран Заев напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

— реклама —

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.

— реклама —

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев на ФБ.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања