Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Заев се сретна со претставници на МАКАМ – ТРАНС разговараа за прашања од интерес на превозниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
002

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и претставници од неговиот кабинет од секторот за транспорт, се сретна со претставници од МАКАМ – ТРАНС, Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во нашата држава, предводени од генералната секретарка Биљана Муратовска.

— реклама —

На средбата е разговарано за прашања од важност за превозниците и е договорено, по насока на премиерот Заев, низ уште поактивна институционална соработка, да се пристапи кон нивно решавање, согласно законите во земјава и искуствата и регулативите од ЕУ.

Од страна на претставниците на МАКАМ – ТРАНС е истакнато дека за прв се примени од еден премиер, со којшто можат отворено да разговараат за отворените прашања, проблеми, искуства што ги имаат со цел нивно поефикасно надминување.

— реклама —

— реклама —

На денешната средба договорено е зголемување на заложбите за реализација на обезбедувањето дозволи согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ, споделени се информации околу финализирање на Спогодбата со Германија за штаер картата, што би значело и намалување на трошоците за патни такси, постигната е согласност за вложување поголеми напори за освојување на нови транспортни пазари како: Казахстан, Киргистан, Азербејџан, Грузија, Ерменија преку потпишување билатерални спогодби. На средбата е разговарано и за доделувањето ЦЕМТ дозволи во интереси и на големите и на малите превозници на стоки, со цел рамноправност, но и мотивираност на работодавачите за нови вложувања.

Разговарано е за можностите за решавање на проблемите со казни што ги имаат превозници од нашата држава на некои царински простори во други држави, поради причини на коишто превозниците не можат да влијаат.

— реклама —

Договорено е, претставниците на МАКАМ – ТРАНС да достават забелешки на законите коишто се во собраниска процедура, а коишто се однесуваат на транспортот, со цел обезбедување што поширока прифатливост за засегнатите страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања