Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев се сретна со претставници на Македонија 2025: Охрабрување од дијаспората за преземените чекори и отворените интеграции и шанси за економски развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
13112019_PVRSM_Zaev_sredba_Makedonija2025_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со претставници на Одборот на директори на Македонија2025, Мајк Зафировски, Џон Битов, Вера Ставроф и со главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска Блажевски. Македонија2025 е непрофитна и неполитичка организација со фокус кон економијата и поврзување со дијаспората, за учество во генерирањето можности и капацитети за економски раст на државава.

— реклама —

На средбата се поздравени од дијаспората храбрите чекори на премиерот Заев што ги отворија интеграциските процеси на нашата земја. Оценето е дека со тоа се отворени можности за поинтензивен економски развој, во што е изразен интерес поактивно да се вклучат и успешни личности во бизнисот од дијаспората.

— реклама —

На состанокот е соопштено дека дијаспората е заинтересирана да придонесе во тој процес со цел нови инвестиции во земјава, мотивирање на млади луѓе да работат во и со нашата држава, ангажирање искусни експерти за области што се од значење на Република Северна Македонија.

— реклама —

Конкретно е разговарано за унапредување на соработката со Македонија 2025 во четири клучни области: странски инвестиции и иновации, поддршка во образованието во делот на развивањето критичко мислење и мотивирање на активизмот на младите луѓе, околу создавањето добра бизнис клима за работа во нашата држава и придонес во делот на заштитата на животната средина.

— реклама —

Исто така, разговарано е и за можностите за вклучување на експерти од странство во областа на дигиталната технологија и обучувањето млади луѓе со дигитални вештини, што ќе им го олеснат вработувањето во државава и поврзувањето со светот.

Ова се дел од темите за коишто ќе се разговара и на Самитот на Македонија 2025 што се одржува во следните два дена во Скопје, а за коишто претставниците на организацијата добија поддршка од премиерот Зоран Заев да бидат активни и да се зајакне соработката, како со Владата така и со другите државни институции и со заинтересираниот приватен сектор во државава.

фото: Влада

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања