Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев: Силата на гласот е кај вас, на 5 ти мај да излеземе сите и да продолжиме заедно напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zoran_zaev_obrakanje

На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина. Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе  озволиме блокада на нашите шанси и ќе се вратиме назад во лошото минато, истакна во своето видео обраќање премиерот Зоран Заев.

Во изминатите две години, со ваша поддршка ги решивме најтешките прашања со соседите и ги отворивме перспективите за земјата. И ве уверувам дека ќе продолжиме уште посилно да ги решаваме и внатрешните проблеми кои секојдневно ги мачат граѓаните. Впрочем, и се што досега направивме е токму за решавање на тие проблеми.

— реклама —

Во тек е зголемување на социјалната помош за три пати, драстично намалување на казните за фирмите и граѓаните, почеток на повратот на ДДВ за секој жител на нашата земја и обезбедување финансиска помош за домашните фирми преку што  оддржуваме нови, добро платени работни места.

Но да знаете, дел од овие придобивки ги кочи сегашниот претстедател. Не ги потпишува законите со кои овие придобивки треба да стапат на сила. Нам не ни треба нов кочничар. Ни треба некој што влече напред, а не некој што кочи и блокира.

— реклама —

Наша одговорност како политичари е да се развива земјата. Чесно ги прифаќаме критиките и кажуваме дека во тек се промени со кои многу брзо ќе се зголемат резултатите од нашата работа на внатрешен план.

Мора да се преземе одговорност таму каде што е потребно. И тоа ќе го направиме по изборите.

Но, на 5 мај, да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме пред изборот и одлуката. Знаеме колку многу е потребно изборите да успеат и да победи напредната опција. Знаеме дека треба масовно да излеземе и да гласаме, сите. Секој и сечиј глас е важен. Се обраќам до сите наши граѓани, до сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други - излезете на 5 мај и гласајте по сопствена волја, но ЗА иднината на земјата и ЗА иднината на децата. Секој глас е одлучувачки глас. Силата на гласот е кај сите вас, а гласот е најсилен кога е на гласачкото место.

Да излеземе сите и да поддржиме опцијата со која заедно ќе продолжиме напред, истакна премиерот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања