„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Шилегов е еден од нашите фаворити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
silegov-zaev-3889329832

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.

— реклама —

– Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме. Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири години посветено работеа. На крајот одлуката во нашите органи и тела се носи согласно дослухот со граѓаните – рече денеска Заев. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни – рече премиерот

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања