Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев склучува договор со „СВ Инвест“ вреден милион евра, ете зошто граѓаните плаќаат поскапа струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Актуелно

Заев и Костадинов додека лажат за економската слика во Македонија, тие се богатат на грбот на граѓаните.  Над 40.000 граѓани останаа без работа, но Заев потпиша договор со „СВ Инвест“  вреден скоро милион евра.   СДСМ не одговори за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски. Но затоа се дрзна и Заев преку „СВ Инвест“ да зема пари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на ФБ статусот на Зоран Заев и прес конференцијата на Костадин Костадинов.

Очигледно дека РЕК Битола претставува златна кокошка на мафијата предводена и диригирана од Зоран Заев.

— реклама —

Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.

— реклама —

Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра.

— реклама —

Македонската економија стагнира, но богатењето на Заев и СДСМ продолжува.

Поради СДСМ Македонија има историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза.

Еднократната помош и задолжувањето од страна на Владата на СДСМ не се решение, затоа што тие не генерираат раст на економијата.

И додека се оди во надолен тренд сметките за струја единствено растат.

Додека граѓаните гладуваат, Костадинов и неговиот шеф Заев се богатат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања