Потребата од воведувањето на заменици директори во ЈП е неопходна, вели премиерот Зоран заев, одговрајќи на новинарско прашање. Тој додава:
Во некои од институциите од таму произлезе и ... потребата е неопходна. Затоа ги скративме, мислам дека се 12, од сите институции, околу 1.800, зборуваме за дванаесет. Ако сакаме „МЕР“ да се развива, да се споиме со „ГАМА“, да ја разгранува гасоводната мрежа по сите градови, барем во урбаните средини, затоа што се гради националниот гасовод. Веќе почнуваме со изведба на секундарните гасоводни мрежи и во самите градови, во Скопје и во сите градови на Македонија и те како има потреба за менаџмент соодветен со сериозна одговорност. Согледавме дека во некои институции, каде што вистински постои таа потреба, а ја немаа, ефикасноста е помала. Некаде каде што ја има ја има. Тоа не значи дека треба да се претера, да се бираат директорски позиции, заменички, само за да постојат, Ние, ветивме дека ќе имаме рационализација на средствата, за да можат квалитативно поголем број да бидат насочени кон враќање кон граѓаните, кон капитални инвестиции и во тој правец ќе се движиме.
Колку ќе ја чини тоа државата, имате проценка?
Дванаесет плати се тие, значи дванаесет плати на администрација од над 120.000 или 140.000 со општините како е дефинирана, навистина се мал број на плати. Ако, тие ја дадат својата ефикасност, нивните плати ќе бидат во стотици пати повеќе оправдани, вели Заев.