Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев со честитка до Власите: Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат силен дел на нашето заедничко општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zoran_zaev_obrakanje

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница. Честитката ви ја пренесуваме во целост:

„Денеска сите ние го славиме 23 Мај – Националниот ден на Власите, како значаен празник за да се потсетиме на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.

— реклама —

Целиот влашки народ и истакнати личности Власи, учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и исклучително богата историја, во која Власите секогаш имаа значајно место во борбата за слобода, државност и независност на нашата земја.

— реклама —

Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат и понатаму силен дел на нашето заедничко општество во кое, продлабочувањето на заедништвото, меѓусебната толеранција, доверба и почитувањето на посебностите, обезбедуваат стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во нашата земја.

— реклама —

Честит 23 Мај - Национален ден на Власите, се вели во честитката од премиерот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања