Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев: Со мрчење не бива ништо, можат да пукнат но ќе има преговорите ќе почнат на лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev

Премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид, побара од граѓаните во сабота вечерта да размислат, што е најдобро за нивниот град. Според него, тоа е Костантин за градоначалник, а Стево за претседател. Заев верува дека охриѓани ќе донесат правилна одлука и нема да згрешат при изборот, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сакале само да дојдат на власт и ништо повеќе.

— реклама —

„Ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту Силјановска не се оградија од настаните на 27 април во Собранието. Тоа се случи оти не им се даваше власт и мандат. Затоа што знаеа дека само така можат да се спасат од криминалите. Овие луѓе не може да бараат поддршка од својот народ. Треба да се оградиш од тоа што е лошо и да понудиш концепт. Ние презедовме сериозни одлуки. На овој плоштад, од 1991 година, ветувале и НАТО и ЕУ, но еве денеска, ги исполнуваме нашите цели. Не беше лесно“, рече премиерот Заев.

— реклама —
— реклама —

Тој ги спомена Преспанскиот договор, дискусиите во Берлин, Меркел, Макрон и Могерини.

— реклама —

„Може да пукнат ако сакаат. Ова лето имаме одлука за почеток на преговори. Конечно исчекоривме. За кој ќе носите одлука за Груевски, Мицкоски, Силјановска? Или за триото Макрон, Могерини, Меркел, кои стојат позади нас?. Оваа борба е за тоа кој ќе го весла кајчето, за побрзо да не донесе на брегот. Треба стабилност и просперитет, а не да мрчи секој ден, не бива така“, додаде Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања