Заев со поддршка за Мерко, иако лани кажа дека се изгорел со поддршката дадена за него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
merko-3

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи струшкиот кандидат на ДУИ, Рамиз Мерко за нов мандат во градот. Ова доаѓа откако пред повеќе од година дена, Заев кажа дека е разочаран од Мерко и посочи: „со него се изгоревме“. Според премиерот, владината коалиција е стабилна.

— реклама —

„Секаде каде што сме поставени со коалиционите партнери, а СДСМ нема свој кандидат, од спротивна страна има опозициона партија, во принцип даваме поддршка на коалициониот партнер. Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево даваме поддршка на Фатмир Бехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир ќе го поддржиме Висар Ганиу. Како што впрочем ја очекува поддршката, апелираме до нашите коалиционите партнери. Коалицијата е стабилна со надеж дека ќе расте во иднина. Во општините каде сме заедно само ние коалиционите партнери, кај што сме со ДУИ во Долнени, Арачиново, Чашка, во Желино и Тетово каде ДУИ и БЕСА имаат кандидат, во такви околности секако прво ќе се обидеме како СДСМ да победиме“, рече Заев.

— реклама —

Прашан што се променило од последната негова изјава во која кажа дека е разочаран од Мерко, премиерот посочи дека кандидатот на ДУИ дејствувал и преземал чекори за зачувување на статусот УНЕСКО.

— реклама —

„Нашите членови имаат добиено инструкции по слободно убедување, тоа што мислат дека е најдобро за нивниот град, да го изберат. Имаше доста промени потоа, по по моите апели. Кога Коста почна во името на иднината на Охрид и Македонија, да презема чекори кои значат потврдување на статусот УНЕСКО, не бевме задоволни од Мерко. За недела-две почна и тој. Навистина почна активности, кога ги направивме ваквите предизвици, мораме да им служиме на граѓаните“, рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања