Заев со претседателот на Албанија: Меѓусебната почит е во интерес на нашите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-meta

Меѓусебната почит и јакнењето на врските е позитивен фактор и од интерес на нашите граѓани, истакна премиерот Зоран Заев за време на средбата со претседателот на Албанија, Илир Мета кој денеска престојува во Македонија по повод празнувањето на Денот на албанската азбука.

— реклама —

Заев на средбата упати честитки по повод празникот и истакна дека одбележувањето на овој значаен ден од историјата на албанската заедница е во целосна согласност со принципите за градење едно општество во мултикултурна Република Македонија.

— реклама —

„Нашата определба да ги јакнеме врските, меѓусебната почит и поддршката на сите етнички заедници во нашата земја, се пренесува како позитивен фактор во заедничка потрага на одговори на сите прашања што се отвораат пред нас. Тоа е заеднички интерес кој не обединува во остварувањето на стратешките цели, како што се нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, како и нашата силна определба да ги завршиме реформите дома за да им дадеме општество подеднакво достапно на сите граѓани“, нагласи премиерот Заев на средбата со Мета.

— реклама —

Двајцата соговорници разговараа и за повеќе други теми од интерес за двете земји, при што истакнаа подготвеност и силна посветеност да поддржат повеќе проекти за зајакнување на економските и културните врски, како и поддршка за инфраструктурните проекти од кои се очекува дополнителен импулс и за регионално зајакнување на поврзувањето на земјите од регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања