„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Спремен сум од спомен плочите да избришам бугарски, да стои само „фашистички окупатор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-4

За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот, истакна премиерот Зоран Заев осврнувајќи се на актуелниот проблем со Република Бугарија.

— реклама —

Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто – Република Северна Македонија, немаме територијални претензии, пријатели сме и пренесовме комплетна доверба, рече Заев.

-Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо и тоа е доказ за голема доверба кон нашите соседи. Прва беше Грција, сега Бугарија, а се понудија и пријателска Турција и Италија кои сакаа да ја вршат оваа достоинствена и важна задача согласно НАТО-стандардите, а ние објаснивме дека имаме и втор сосед којшто исполнува услови како што е Бугарија. Реално, подготвен сум иако имам критики во домашната јавност, на спомен-плочите каде што пишува бугарски фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор. Во духот на пријателството треба да внимаваме и како што Полска и Германија го решија проблемот или како што тоа го направија Германија и Франција, да гледаме низ призмата на пријателството, истакна Заев

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања