Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев: Штом ќе донесам одлука за промена на одредени функционери, веднаш јавно ќе соопштам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека штом ќе ги донесе одлуките за промена на одредени функционери, тие веднаш ќе бидат јавно соопштени.

— реклама —

Ред е како мандатар да ги презентирам пред коалициските партнери увидените слабости за одредени личности, функционери кои имам намера да бидат сменети, изјави денеска Заев.

Тој за најавената реконструкција на новинарски прашања одговараше дека ќе има промени во извршната власт и дека тоа ќе го направи во јуни, бидејќи како што рече преговараат за реформските прицеси и очекуваат извештај од ЕУ: „Тоа за мене е веднаш“, рече Заев.

— реклама —

Коалициските партнери, како што рече, треба да знаат што ќе се случи со реконструкцијата на Владата.

— реклама —

„Немам намера претходно да лицитирам со имиња, да кажувам имиња и сл. Кога ќе бидат донесени одлуките веднаш ќе ги соопштиме“, потенцираше премиерот.

Заев беше запраша и за односот помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеничката Фросина Ременски и дали има координација меѓу нив бидејќи се од иста политичка партија. Според премиерот  Ременски била како профилирана во стручната област, и според тоа таа држи вели Заев до своите ставови и ги брани до кога може, подвлекувајќи дека тоа е демократија бидејќи вели, тие дебатирале на основа на аргументи.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања