„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев: Светскиот конгрес на претприемачи во Скопје ќе има за цел да го поттикне претприемничкиот дух кај младите луѓе од регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_4842

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денеска остварија средба со претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и генерален секретар на Светскиот конгрес на претприемачи, Винко Ќуро, кој предводеше делегација составена од раководството на Светскиот конгрес на претприемачи.

— реклама —

Целта на средбата беше заеднички да се утврдат насоките и правците за организација на вториот Светски конгрес на претприемачи кој оваа година, во втората половина на месец октомври ќе се одржи во Скопје, Република Северна Македонија.

„Нам ни претставува огромна чест што ја избравте нашата земја да биде домаќин на овој голем настан на кој се промовира концептот на претприемништвото. Особено во период кога стануваме земја членка на НАТО и во година која очекуваме да биде година на економијата. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини и дека овој Конгрес ќе остави траен белег и ќе мотивира голем број на млади луѓе од нашата земја и регионот да го разбудат претприемачкиот дух и да започнат свој бизнис. Ние како Влада сме тука да ја пружиме потребната поддршка“, нагласи на средбата премиерот Заев.

— реклама —

Претставниците на Светскиот конгрес на претприемачи упатија честитки до премиерот Заев за успешното затворање на отворените политички прашања со нашите соседи и  за пристапувањето на нашата земја во НАТО како важен исчекор за обезбедување сигурност и стабилност во земјата и регионот и за отворање на перспективите за развој на економијата и претприемништвото.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања