„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев: Треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, вистински личности за кандидати за претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-odgovornost

Премиерот Зоран Заев денеска не дада конкретен одговор дали е за предвремени парламентарни избори, нити пак конкретно посочи кои се негови фаворити како претседателски кандидати. На овие прашања премиерот вели:

— реклама —

Се доближуваме до датумите кога мојата политичка партија која што ја водам треба да формулира свој став. Знаете, дека дилемата е помеѓу двете опции. А тоа е, дали, примамливоста за нас политичарите, за еден цел, нов мандат, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи, подобрување на севкупниот живот е доволно привлечна и ќе се определиме за тоа или, онаа определба каде што, според мене, превагнува интересот на државата, наспроти политичарите и политичките партии, а тоа е, да не дадеме никаков изговор на земјите-членки, кој што, дел од нив се, еве, генерално против проширувањето. А Македонија, чека позитивна одлука на Самитот на Европската Унија во јуни, каде што, јас верувам дека Комисијата, која што е на крајот на својот мандат, сака да остави свое наследство, свое „legacy“. Македонија блеска, во делот на политичкото решавање на билатералните отворени прашања. Ние сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите, сме комплетно успешни. Верувам дека Парламентот низ дијалог, ќе продолжи така консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува и процесот на изборот на Антикорупциската комисија, каде што се гласаше консензуално.

Судските реформи во февруари, верувам дека Парламентот ќе смогне сили да ги донесе, се надевам со консензус, заради тоа што се посветува многу време на дијалогот, новиот Закон е при крај, за делот на реформите во УБК (Управа за безбедност и контраразузнавање), реформите во администрацијата течат, ние имаме успешен процес на реформи. Се надевам, заради граѓаните, не заради Европската Унија, имплементацијата исто така, ќе биде многу видлива, до 22, до 26 јуни кога треба да се одржи Самитот на Советот на Европа и да се донесе позитивната одлука за Македонија. А, истовремено пак, земјите-членки ќе бидат со завршени избори за Европскиот

— реклама —

Парламент, поприлично релаксирани и очекувам позитивни во тој дел, за да можеме навистина да се надеваме на добивање на датум за преговори, односно отворање на Поглавјата. Ние, го добивме датумот, со проекција, јуни 2019-та, но одлуката за отворање на Поглавјата, верувам дека точно ќе биде донесена. Таа е таа причина, која што превагнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на својата партија каже свој став, ќе ја „утапи“ дебатата внатре. Јас, ги кажувам аргументите реално, кој се што се, верувам ќе им помогнам на сите, кои што се во процесот на одлучување.

Но, овие денови разговараме со коалиционите партнери, разговараме со политички партии надвор од Коалицијата, политички партии кои што не се парламентарни, многу значајни здруженија на граѓани, се консултираме со граѓаните, правиме анкети и анализи. Јас, сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество, изразена преку политичките партии и да ги повикам сите, да направиме една заедничка одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности, зад кои што би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии, заради тоа што граѓаните застануваат, токму поради нив...Ако најдеме личности, зад кои што граѓаните доминантно застануваат, тоа би бил некој вистински консензуален кандидат, кој што ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21-от век, со прогресот и просперитетот кој што Македонија го има и дополнително го очекува. Тогаш, е вредно да направиме напори, да дадеме шанса, да изнајдеме таква личност.

Ги повикувам и ДУИ, ги повикувам и БЕСА на Африм Гаши, БЕСА на Билал Касами, Алијансата, на турските партии, сите други помали партии, да смогнеме сили. На локалните избори направивме квантен скок , граѓаните гласаа за личност, за граѓани. Не Албанци за Албанци, Македонци за Македонци, Турци за Турци. Не, гласавме за личност. Можеме да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, секако вреди тоа да го направиме. Можеби ќе успееме, можеби не, но, вредно е да дадеме шанса.

Уште еднаш напоменувам. До 21-ви март се поднесуваат кандидатурите, имаме доволно време за внимателно реализирање. Нашиот Конгрес е закажан на 3-ти март, како една од најголемите политички партии. Гледам и опозицијата кон крајот на февруари организира Конгрес и носење на одлука, така да треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, да изнедриме, вистински личности, заради тоа што претседателот на државата е првата личност во нашата земја и многу е важна оваа функција во Република Македонија, истакна Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања