Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев - Туск: Подготвени сме за обележување на заеднички успех со добивање одлука за почеток на преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
17092019_PRSM-Tusk_bilateralna-sredba_1-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска е домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој заедно со делегација од Советот ја посети земјава, во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Туск придружувани од членови на делегациите на Владата и на Европскиот совет во Владата одржаа билатерална средба на која беше изразена благодарност за заложбите и поддршката на Туск за обезбедување напредок на Северна Македонија на

— реклама —

нејзиниот пат за интеграција во Европската Унија.

— реклама —

Премиерот Заев изрази благодарност за личната заложба на Туск за обезбедување гаранции за реална европска перспектива за целиот регион истакнувајќи го напредокот на земјата, во поглед на остварување на реформската агенда, особено во областа на владеењето на правото.

— реклама —

Нагласувајќи дека до следната седница на Европскиот совет има само уште неколку недели, Премиерот Заев ги посочи напорите и засилените ангажмани на Владата за обезбедување силна поддршка од земјите-членки на ЕУ за заокружување на нашата досегашна работа и одбележување заеднички историски успех со добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Премиерот Заев ги изрази очекувањата за усвојување на одлука за отворање преговори за пристапување во ЕУ од страна на Советот на ЕУ на 15 октомври и Европскиот совет на 17-18 октомври.ж

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања