Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Заев тврди законот за ЈО ќе се донесе, а ставовите на Мицкоски не му се блиски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Премиерот Зоран Заев смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство, потребно е да се вложат повеќе напори и како што рече „да се надминеме себеси“, додека за лидерот за опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во моментов позициите на двете преговарачки страни се многу различни. И двајцата се подготвени за нова лидерска, но откако за тоа сигнал ќе им дадат работните групи.

А нов состанок на работните групи за законот денеска нема да се одржи, потврдија за МИА од Министерството за правда, иако вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски рече дека е можно денеска да има нова средба, а оваа можност не ја отфрли ниту премиерот Заев.

— реклама —
— реклама —

– Очекувавме да има вчера. Спремни бевме и денеска, но гледаме дека власта од можеби објективни или субјективни причини не брза. Ни беше најавено дека можно е да имаме средба утре. Доколку се расположени и спремни, ние немаме никаков проблем да ја одржиме, изјави Милошоски, изјави вчера пратеникот.

— реклама —

Премиерот Заев вчера со порака дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата за напредок. Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања