Заев: Убеден сум дека ќе најдеме решение за Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zaev-Borisov-F

Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни. Ова денеска на прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев, по повод меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик.

— реклама —

-Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение за Гоце Делчев. Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје кое е пред нас “, изјави премиерот Зоран Заев.

Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува некаде околу крајот на годината.

— реклама —

„Напоменувам актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.

„Мојот пријател премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонски јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени, затоа што низ пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми“, рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања