„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Учиме од историјата, чекориме силно и храбро кон иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, со порака сите идни предизвици – за мир, стабилност, подобар живот во Македонија, да ги водиме заеднички.

— реклама —

„Храброста на дејците на македонската револуционерна борба, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, е мотивот кој не води секој ден на патот Република Македонија да ја исправиме пред светот како достоинствена во нејзиното единство и во остварувањето на државните цели. Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации“, пишува во честитката на премиерот Заев, во која уште упатува повик да чекориме цврсто и одлучно кон европското семејство заедно, затоа што изолација никогаш не носи ништо добро.

„Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, како што се стремеа и основоположниците на македонската револуционерна борба, и држава на која ќе бидеме горди, вложувајќи се себеси, како што се вложуваа плејадата учесници во создавањето на нашата државност“, се вели во честитката на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања