Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев: Упадот на полицијата на местото каде се подготвуваа хуманитарните пакети за граѓаните потсети на годините на режимот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev

Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти,  да се држат до сабајле со закани и уцени,  и да влезат без налог во приватен простор е  навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.

Семејството Заеви, сите ние поминавме  низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со  самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.

— реклама —

Претседателот Заев истакна дека семејството Заеви ќе продолжи и  понатаму со хуманитарната работа,  илјадници пакети се донирани досега до  најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.

— реклама —

„Помогнавме на здравствениот систем, помогнавме и помагаме со хуманитарните пакети кои ги делат општинските кризни штабови. Многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и треба да им се помогне“, заклучи Заев.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања