Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев упати писмо со честитки по повод јубилејот 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод исклучителниот јубилеј - 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

— реклама —

Премиерот Заев во писмото истакнува дека Бигорскиот манастир, како што е општо познат, со своето милениумско постоење е врежан во меморијата не само на македонскиот народ, туку со своето значење и убавина е значаен дел на светското културно наследство.

— реклама —
— реклама —

Во своето 1000-годишно црковно живеење манастирот сведочи за многу историски премрежија, но и за незапирливоста на богатиот духовен живот, пишува во писмото до епископот Антаниски г. Партениј, претседателот на Владата Заев.

— реклама —

„Бигорскиот манастир и денес е вруток на духовноста од каде излегуваат монаси кои го продолжуваат црковниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Воедно сакам да ја искажам мојата восхит за активностите кои Вие како игумен, и бигорската обител, ја спроведувате помагајќи им и пружајќи им прибежиште на сите кои се во нужда и неволја“, се вели во писмото на премиерот Заев со кое до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, упатува честитки по повод исклучителниот јубилеј - 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања