Заев - Ван Гелдер: Нашето партнерство и заедничките проекти придонесуваат за економски развој и квалитетен живот за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
02102020_PVRSM_sredba_Svetskabanka1

— реклама —
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја прими регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер.

На средбата преку онлајн комуникација учествуваше и Масимилиано Паолучи, новиот директор на Канцеларијата на Светска банка во земјата.

На средбата се разговараше за приоритетите на Владата, како и подетално за областите поврзани со сегашната и идна поддршка од Светска банка, со фокус на досегашните заеднички проекти, како и финансиски услуги и анализи.

— реклама —

Соговорниците разговараа и за напредокот на агендата за иницијативата за регионалното економско поврзување, како една од напредните идеи, која како што беше заеднички констатирано ќе доведе до ефикасни и значителни заштеди во трошоците на трговската размена на годишно ниво.

На средбата беше споменат и Регионалниот проект за олеснување во трговијата и транспортот, преку кој Светската банка е вклучена и ќе даде значаен придонес.

Беше разговарано и за напредокот во поттикнувањето на подинамичен и поконкурентен приватен сектор кој овозможува отворање на нови работни места, како и овозможување на услови за создавање конкурентна, професионална работна сила, која придонесува за економскиот раст и развој на економијата.

На средбата беше констатирано дека вториот мандат на Владата ќе се искористи за интензивирање на реформите во областа на економијата и започнување на пристапните преговори со Европската Унија.

Беше изразена отворена поддршка за одржливите фискални и економски политики, што водат кон реализација на проекти од интерес на граѓаните.

Заеднички беше нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чијашто поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура, образованието и здравството, чие динамизирање ги доведува економските параметри во нагорна линија и придонесува за обезбедување на квалитетен живот за сите граѓани на државата.

Од страната на Светска Банка беше истакнато дека Владата е фокусирана на ублажување на економските последици од ефектите од кризата и истовремено работи на планови за нејзино надминување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања