Заев: Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PVRSM-_den_nenasilstvo_01

— реклама —

Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање. Реакциите на јавноста по повод бруталноста на одделни припадници на полицијата, како и на некои граѓани против припадниците на безбедносните служби, се израз на зрелоста на нашето општество – очекувам дека ваквите појави ќе станат реткост до целосно исчезнување и дека секогаш ќе бидат осудувани и санкционирани, истакна премиерот Зоран заев во своето видео обраќање.

— реклама —

Ние сме земја која обединува различни етнички, верски групи и други групи. Со векови сме го граделе она што денес го имаме и треба секој ден да се потсетуваме колку е тоа бесценето, но и кршливо и дека секое насилство и говор на омраза се закана за овие наши вредности.

Нашата приказна е мозаик со силни контрасти и потребно е постојано да останеме фокусирани на шаренилото и убавината на целиот мозаик, во кое секое камче е вредно зашто е дел од таа убавина.

Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање.

Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и дијалог секогаш се доаѓа до решение, истакна премиерот Зоран заев во своето видео обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања