Заев: Владата во мислењето до Општина Центар не укажува дека треба да се руши Порта Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
zaev

Премиерот Зоран Заев со мислењето испратено до Општина Центар не барал уривање на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза туку почитување на мислењето на стручните комисии. Тој денес објасни дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

— реклама —

– Мислењето дадено до Општина Центар од Владата не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата од стручните комисии формирани од извршната власт. Напротив, конкретниот проект Порта Македонија, не попречува пешачки ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила односно дозволена е непречена комуникација – рече премиерот Заев.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања