„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —
Честитка на претседателот на СДСМ Зоран Заев до припадниците на исламската вероисповед по повод почеток на светиот месец Рамазан. Во честитката од Заев се вели:

— реклама —
Почитувани граѓани, ценети верници од исламската вероисповед,

Се наоѓаме во пресрет на светиот месец Рамазан кој освен што е еден од петте исламски столбови, истовремено го означува и почетокот на објавата на светата книга Коранот. Книга која што се почитува и практикува вековито од верниците на Исламската вероисповед.

Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот. Им посакувам на сите нив и нивните семејства лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање, милост, трпение, почит, хуманост и взаемна помош.

Минуваме низ период кога глобалната пандемија на коронавирусот го зафати светот, а мерките за заштита на здравјето на граѓаните доведе до затварање на вераските објекти, џамиите и другите места за молитви. Тоа сигурно нема да ги спречи верниците да ги обавуваат молитвите и верските обреди покрај нивните семејства и домови. Секогаш имајќи го предвид фактот дека грижата во зачувувањето на јавното здравје не е само медицинска туку  заедничка цел.

Молејќи го Господ за вашето здравје и посакувајќи ви лесен и прифатлив пост, заеднички да придонесеме во нашата земја да има радост, меѓучовечка толеранција и хармонија, се вели во честитката од Зоран Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања