Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Заев во посета на родната куќа на Конески во Небрегово на денот на неговото раѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19122020_VRSM_Nebregovo_03

Премиерот Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили денеска ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.

„Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година.

— реклама —

Во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура и во таа насока, денеска, Министерството за култура ја започна подготовката на програмата со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина во текот на целата идна година.

Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што се исполни вековниот сон на редици и редици генерации кои го негуваа и учествуваа во остварувањето на тој сон во реалност.

— реклама —

Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа.

Блаже Конески ја проучи и разработи суштината на македонскиот јазик, го насочи неговиот развој како современ литературен јазик сообразен со светски прифатените стандарди.

Соочен со отпорот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, освен на научната сцена, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет.

— реклама —

Кога го чествуваме Конески не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик. Ги чествуваме и неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата.

Богатството што Конески го остави зад себе засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ – искрените вљубеници во вистината и убавината.

— реклама —

Нека му е вечна славата! Вечно ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело“, истакна премиерот Заев во изјава за медиумите.

Министерката Стефоска во своето обраќање истакна: „Блаже Конески тивко но упорно извојувал многу битки за самобитноста, за јазичните значенски вредности, за науката. Сите во него го препознаваме нашиот современ Климент Охридски. Министерството за култура и Министерството за образование поведоа иницијатива 2021 да биде година посветена на Блаже Конески, затоа што мирот и довербата, а пред се и самодовербата се клучните поими во книжевната и научната дејност на Конески“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања