Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев: Во предвечерието сме на историска одлука за почеток на преговорите со ЕУ, очекувам и Бугарија и Грција да се борат за тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
03102019_PVRSM-Zaev_sednica_pratenicki-prasanja_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговара на пратенички прашања на седницата за пратенички прашања, во Собранието на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев соопшти очекување за позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври, кога нашата држава очекува одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ и дека и Република Бугарија и Република Грција ќе се заложат тоа да се случи.

— реклама —

„Договорите со Бугарија и со Грција ги гарантираат идентитетските прашања. Во предвечерието сме на историска одука за почеток на преговорите со ЕУ. Тече процесот на НАТО. Работиме реално, не само да нема некакви блокади од соседите, туку очекувам од двете страни да бидат “адвокати“ и да се борат да добиеме позитивна одлука за почеток на преговорите“, рече премиерот Заев во врска со пратеничкото прашање, поврзано со работата на заедничките комисии за историски и образовни прашања на Република Северна Македонија и Република Бугарија, околу Гоце Делчев.

— реклама —

„Верувам дека до крај ќе ги постигаме решенијата, низ комисиите, на внимателен начин, низ досегашните факти, но ќе ги оставиме вратите отворени за идните генерации да допроучуваат и доутврдуваат. Верувам ќе се изнајде решение за тоа прашање“, додаде премиерот Заев.

— реклама —

Тој ги информираше пратениците и за разговорот во Њујорк со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.

„Обврската за спроведување на Договорот останува, зборувавме за иднината, продолжуваме и со Грција да градиме пријателство и тоа да донесе и економски придобивки“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев посочи дека комисиите за спроведување на договорите со Бугарија и со Грција немаат за цел да ја воспостават историската вистина, бидејќи историјата е жива материја, туку ако е нешто документирано и историски прифатено од двете страни, низ тоа да се гради пријателство, а не нешто што `не разединува. Комисиите, како што рече премиерот Заев, со договорите, имаат за цел да ги утврдат досегашните факти, а не апсолутни вистини, и да градат пријателства, „и тоа треба да го правиме“.

Премиерот Заев најави средба со Комисијата од нашата држава која разговара со бугарската комисија, да се види дали е можно скорешно решение, а рече дека по Европскиот совет ќе се поттикнат комисиите на решенија согласно договорите со двата соседа.

„Наш интерес е членство во ЕУ и НАТО, тоа носи економски придобивки. Ако некој тргне кон блокада, план Б е да го вратиме план А. После меѓу владината конференција договорите ќе продолжат да се спроведуваат. Важно е дека нема двојбеност за идентитетите, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов зборуваше во Скопје за македонски народ, тоа е нешто низ што гледаме пријателство. Низ внимателен аспект на разговорите, се обидуваме да ги разбереме и нив. Договорот се постигнува ако двете страни можат да го бранат дома, само така има пракса. Да го сочуваме достоинството, да бидеме модерни европски држави, со модерни европски народи, каде разноликоста блеска, но и меѓусебната почит, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, укажа на значењето на договорите на нашата држава со Бугарија и со Грција како обезбедување иднина.

„Да ги задржиме младите тука, тоа не' водеше да носиме одлуки“, рече меѓу другото премиерот Заев во одговор на пратеничко прашање, на седницата во Парламентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања