Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев: Во сиромашна желба се оди бавно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-zoran

Појасот околу Велешко езеро ќе биде обновен, бидејќи тоа е обврска на сите институции. Ова го изјави премиерот Зоран Заев при посетата на велешкиот регион, кој беше зафатен со голем пожар во понеделникот.

Тој најави акција за пошумување на уништените површини со пари што ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот, но и со поддршка од Светска банка.

— реклама —

„Чувствувам гнев, бидејќи е јасно дека ова се случило од човечка небрежност и неодговорност. Штетите и последиците се големи и долгорочни и затоа сме должни да извечеме поуки. По вакви катастрофи локалните самоуправи ќе мораат да ги менуваат приоритетите заедно со приоритетите на извршната власт. На врвот мора да биде безбедноста и здравјето на граѓаните и на животната средина. Владата ќе продолжи да го поддржува јакнењето на капацитетите на општините, а тие ќе треба да им посветат посебно внимание на противпожарните бригади и на другите сегменти за превнција од кризи“, рече Заев.

— реклама —

Прашан зошто сега се поставуваат вакви приоритети, а не претходно кога имало големи пожари, Заев одговори дека ова секогаш било приоритет, но во сиромашна држава се оди бавно.

— реклама —

Дека условите за работа на пожарникарите се лоши посочи и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања