Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев: Водени од пораките на овој голем празник овие светли денови да ги поминеме во кругот на домот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

— реклама —

Во писмото и до сите верници на Католичката црква во нашата земја, премиерот Заев пишува дека Божик е еден од најсветлите празници, кој носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек и за секое семејство, кој годинава го славиме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

— реклама —

„Овој голем христијански празник секогаш ги повикува луѓето да се огледаат во делото и учењето на Исус Христос, како најинтимен и најрадосен момент во душата на секој верник, при што во мир и со спокоен дух заедно да го победиме злото и да го преобразиме во добро. Соочени со моќен непријател, но водени од христовата љубов да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, а овие светли денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни“, истакнува во писмото премиерот Заев, и додава како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме препораките за безбедно растојание, носење на заштитна опрема и за одржување на редовна лична хигиена и за време на празниците.

— реклама —

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев ја нагласува пораката на Божикните празници кои поттикнуваат на човечко милосрдие, на добри дела, на разбирање еден со друг и на љубов во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.

— реклама —

„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“ пишува во писмото со честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања