Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев: Време е Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-makron-merkel-696x464

Премиерот Зоран Заев преку соопштение говореше за заклучоците од Конференцијата за Западен Балкан во Берлин, во организација на канцеларката Ангела Меркел и на претседателот Емануел Макрон, истакнувајќи дека е важно што договорот со Грција е модел за решавање отворени прашања и конфликти.

„Нашата земја и договорот беа инспирација за почетокот и крајот на речиси секоја дискусија на конференцијата со заклучок дека соработката и стабилноста се суштината на заедничката европска перспектива на регионот. Меѓу заклучоците беше потенцирана и важноста од постигнување конечен договор за целосно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово како нов важен придонес кон регионалната стабилност. На конференцијата исто така се договоривме да ги интензивираме активностите за основање регионална економска зона, да останеме посветени на Берлинскиот процес и да ги поддржиме иницијативите за инфраструктурна поврзаност, економска соработка, слободна трговија и младински размени во регионот“, вели Заев.

— реклама —

Иако проширувањето на Унијата не беше тема на конференцијата, додава премиерот, ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака, а тоа е пораката на нашите граѓани до Европа, дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот од кое извира европската идеја за заедништво, солидарност и соработка.

„Порачавме дека стабилноста и реформите кои ги испорачуваме мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото. Презедовме одговорност за себе и за регионот. Сега е време и Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи“, нагласи Заев.

— реклама —

Тој рече дека во духот на соработката и интеграцијата, сега е неопходно и Унијата да испорача бидејќи европската идеја за сојузништво на различностите бара постојана грижа за себе и за другиот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања