„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев за 360 степени: 27 земји потврдија дека Северна Македонија е успешна и изразија несогласување со Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
21102019_PVRSM_Zaev_360_stepeni

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва во интервју за телевизијата Алсат-М одговараше на прашања поврзани со најновите настани во врска со недонесувањето на одлуката за добивање датум за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ, заради несогласувањето на Франција со тоа прашање, како и за идните чекори на патот на евроинтеграциите.

— реклама —

На прашањето на новинарот дали се чувствува измамен од Европската Унија, премиерот Заев рече:

„Јас реков дека ова ќе го носам како нова лузна на моето лице, како што ги носам лузните од непријатните настани, коишто се случија во Собранието. Секако, очекувавме Европската Унија да го исполни своето ветување, коешто за жал не го исполни.Рекоа дека направиле историска грешка. И јас така ја нареков таа постапка - историска грешка. Ветувањето беше многу прецизно многу постојано, многу континуирано како признание за  тоа што нашата земја помина низ еден сериозен процес на реформи, заради двата договори со Бугарија и Грција“, истакна премиерот Заев.

— реклама —

Премиерот Заев искажа задоволство што сите 27 земји потврдија дека Северна Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние.

За информациите дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Северна Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев одговори:

„Сега јас малку ќе ‘закочам’ со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“.

Премиерот Заев додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и ќе разговараат за оваа иницијатива која како што рече е подржана и од други премиери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања