„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев за Камчев: Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал и мене

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
PrtScr-capture_4

Премиерот Зоран Заев, во интервју за неделникот „Фокус“, не ја исклучува можноста Камчев да ги снимал и разговорите со него. Камчев е бизнисменот кој пролетва побарал итна средба со премиерот и се сретнале доцна навечер. Заев вели дека му биле презентирани снимки и тоа го разбудило поривот кај него уште следниот ден случајот да го пријави во Обвинителство, по што Камчев бил повикан како сведок.

— реклама —

„Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да може да имаме слободни состаноци… Сè што сум разговарал со некој, секогаш сум се водел од мојата одговорност како премиер. Треба да се постапува по закон, дури и кога доаѓа некој, како што дошол тогаш и Боки 13. Сите луѓе бараат средба со премиерот, а при сите тие средби се обидувам да бидам позитивен пример за законско работење“, вели премиерот за „Фокус“.

На средбата со Камчев тој не видел докази за инволвираност на Јанева во „Рекет“.

„Во снимките што ми ги презентираше Камчев, тоа што го слушнав, немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност“, вели Заев.

— реклама —
Доколку сте претплатени на „Фокус“, целото интервју во електронска верзија може да го прочитате тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања