Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев за „Капитал“: Владата е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, со вистината се бориме против лажните вести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

01022021_PVRSM_Intervju_Kapital-2

„Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура. Лажните вести, односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на добробитта на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението“, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за печатеното издание на „Капитал“.

— реклама —

Тој појасни дека Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок одредена сомнителна вест се проверува и доколку истата е лажна, веднаш се дефинираат начин и канали на реакција со цел да се оневозможи натамошно ширење.

— реклама —

„Во таа насока воведовме и активна транспарентност на институциите со цел точните информации постојано да бидат на дофат и очиглед на јавноста, со што се намалува просторот за маневар на дезинформаторите. Наоѓањето модел за справување со овој штетен феномен и најголема опасност за демократиите е врвен предизвик со кој се соочуваат сите демократии низ целиот свет, бидејќи ризикот од овие мерки е властите намерно или ненамерно да посегнат кон цензура или кон контролирање на делови од јавниот етер.

— реклама —

„Но, потенцирам: Ние сме тие кои заедно со стотици илјади граѓани го ослободивме општеството од стегите на режимот, и ние сигурно нема да бидеме тие кои ќе посегнат кон цензура, ние тоа ниту можеме, ниту сакаме, ниту знаеме, ниту имаме намера да го изведеме“, вели Заев.

— реклама —

Премиерот Заев додаде дека Владата поддржува саморегулација во медиумскиот еснаф, како најдобар начин кој ги штити медиумите од надворешни влијанија, при регулирање на професионалните стандарди, а во исто време ја јакне новинарската фела.

„Ние веќе имаме еден добар пример на саморегулација во Северна Македонија – тоа е регистарот на веб портали кои ги исполнуваат стандардите на професионално новинарство, изработен од ЗНМ и СЕММ.

Владата го препозна и поддржа овој процес како вреден уште кога беше во фаза на идеја, а денес и го користиме како ресурс за да препознаеме и одвоиме професионални од непрофесионални медиуми, односно да одвоиме веб портал што е медиум според стандарди од веб портал што е класичен извор на манипулации и дезинформации“, подвлече Заев.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања