Доскорешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција порача дека без разлика кој ќе коалицира со нив, тоа мнозинство мора да биде стабилно. Во својот говор акцент стави и на дивоградбите во Охрид и Струга кои ги има наскаде, а 409 се во заштитеното подрачје кое е под заштита на УНЕСКО. Тој јасно порача дека нема да се дозволат такви поајви во иднина, а досегашните нема да поминат туку-така.
“Мора да се запазат принипите на одговорно работење. при коалцирањето ќе се држиме до тоа. Не може да дозволиме дивоградби сред Охрид или Матка. Не може тоа да помине. Народот знае и гледа се, мора да има одговорност за сите, не може да прави кој што сака. Затоа што во еден дел граѓаните кои ни кажаа „да“ за ЕУ, НАТО, Преспа договор, договор со Бугарија, се решаваат важни работи, сега нема да ни прогледаат низ прсти во периодот кој што престои. Затоа партиите мора да работат на своите грешки да се менуваат кон подобро. Ние како партија, сакаме да се подобриме, знаеме дека имавме пропусти и тоа мора да го надминеме. Ако ги менуваме партиите, ќе ја подобриме и државата на подобро.Ќе споменам уште еднаш, затоа ние формиравме комисија која ќе ги избере и понуди најдобрите кадровски решенија за престојните избори“ рече Заев одговарајќи дали СДСМ ќе коалцира со ДУИ доколку оваа партија пак го освои мнзинството кај албанските гласачи.
фото: Архива