Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев за новиот директор Муслиу: Ја почитувам одлуката на Пендаровски, но и ставот на ДУИ е вреден за внимание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Претседателот Стево Пендаровски ме консултираше во однос на прашањето за нов директор на Агенцијата за разузнавање, но како и да одлучи јас ќе ја почитувам неговата одлука, вели премиерот Зоран Заев. Во интервју за МДК, тој вели дека слушнал добри зборови за новиот директор на агенцијата Ерол Муслиу како професионалец, меѓутоа воедно додава дека и критичниот став на ДУИ кон ова кадровско решение е демократско право.

-Со должна почит кон себе, кон партијата, па и кон опонентите, секогаш давам за право да констатирам – тоа е демократија. Правото на нивен коментар во делот на директорот на Агенција за разузнавање е право што е вредно за внимание. Нормално, ќе разговараат со претседателот на државата. Имаат одлична соработка, тие се еден од поддржувачите директно во кампањата на сегашниот претседател на државата Пендаровски и верувам дека ќе разговараат и за сè постои решение. Ќе најдат решение. Треба да ги кажат аргументите – вели Заев.

— реклама —

Тој потсетува дека ДУИ е политички фактор без кои не можеше да се направи влада по последните парламентарни избори.

— реклама —

-Граѓаните им дадоа 49 пратеници на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ 51. Тоа се нашите граѓани и тие со својот глас не упатија кој со кого треба да соработува.  Едноставно опцијата е токму таа што ја имаме на располагање. Но она што треба да биде заклучок е дека постојат прво одговорни личности во сите политички субјекти, јас во СДСМ, таму во ДУИ е Али Ахмети. Разговарам со него и ќе најдеме решение затоа што имаме голема доверба како партнери, поминавме сериозни процеси, донесовме сериозни одлуки и знам дека ќе најдеме решение за кадровските прашања – вели премиерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања