Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев за планот на Радев: Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-4

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за веќе изнесениот став на бугарскиот претседател,  истакна дека на никого во државата не му се нарушени правата и ист е случајот како што рече и кај граѓаните кои се декларираат како Бугари.

— реклама —

„Испраќам силна порака до соседна Бугарија, гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни заради тоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за било која нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор на наша загриженост. Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации“, рече Заев.

Премиерот изрази уверување, дека состанокот кој го свикал бугарскиот претседател Радев е само информативен состанок од кој што, како што рече, би се собрале информации од граѓани кои се со бугарска определба.

— реклама —

„Недозволиво е прво мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. И во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства затоа што тоа се решава при Совет на Европа. Но дефинитивно ниту има потреба, ниту треба да дојде до судови“, потенцира Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања