Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заев: За прв пат државата дава државно земјоделско земјиште под закуп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
8

Во Владата на денеска се одржа настан на кој се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште со агробизнисмени и земјоделци кои ќе развиваат инвестициски проекти во преработувачки капацитети покрај примарното производство.

По тој повод свои воведни обраќања на настанот имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

— реклама —

„Денешното потпишување на првите договори за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари, е уште еден показател за нашата цврста заложба да креираме политики кои ќе придонесат за модерно и европско земјоделство.

— реклама —

За прв пат државата доделува државно земјоделско земјиште под закуп за кое што земјоделците и агробизнисмените имаат можност освен за примарно производство да подготват и бизнис план за преработувачки капацитети.

На овој начин го заокружуваме синџирот помеѓу примарното и финалното земјоделско производство и креираме услови за конкурентни производи со повисока додадена вредност. Тоа е исклучително важно за нашата држава, истакна премиерот Заев.

Вкупната инвестиција на сите 20 прифатени договори изнесува 11 милиони евра, износ кој што ќе се вложува во следните 5 години во инвестициски проекти за винарници, кланични капацитети, млинови, оранжерии и откупни центри.

„Развојот на земјоделството е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, како сектор кој има значителен удел во економскиот раст и е еден од столбовите на македонската економија. Преку континуираната и силна поддршка за земјоделството, градиме силна економија која отвора шанси за сите“, истакна премеирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања