Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заев за „Слободна ТВ“: Заканите за укинување на Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
03012020_PVRSM_Zaev_intervju_SlobodnaTV

Заканите на лидерот на опозицијата дека со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го укинел Договорот од Преспа значат укинување на нашето членство во НАТО и запирање на процесот за добивање старт на преговорите со ЕУ. Тоа е спротивно на стратешките интереси на нашата земја и крај на целиот прогрес што го оствари Северна Македонија во овие изминати две и пол години, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за порталот „Слободна ТВ“.

„Стравувам дека Мицкоски реално ќе го направи тоа, затоа што има разлика меѓу него и Мицотакис. Мицотакис знаеше дека договорите мора да се почитуваат и спроведуваат, Мицкоски не го вели тоа. Наивно, па дури и глупаво, е да се враќаме назад. Затоа јас велам дека нема да дозволиме да се врати режимот, зашто ништо не покажува дека е изменето нешто кај опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тука јасно и гласно да укажеме дека тоа се штетни политики кои ќе донесат сериозни последици за земјата“, рече премиерот Заев во интервјуто за „Слободна ТВ“ и додаде дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и  насоката која не води кон иднината.

— реклама —

Во интервјуто за порталот, претседателот на Владата на Северна Македонија рече дека со најавите за брзо формирање на владата во Шпанија е блиску и конечната завршница на ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО и дека останува убеден дека иницијативата за забрзување на соработката на земјите членки на Западен Балкан е чекор напред кој ќе го скуси процесот за членството во ЕУ бидејќи голем дел од обврските што не очекуваат за време на преговорите, ќе бидат решени низ овој процес.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања