Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев за словенечко „Дело“: Во годината кога славиме три значајни јубилеи македонскиот мозаик сјае со најубавите бои

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20032021_PVRSM_Zaev_intervju_za_Delo

„Оваа година славиме три годишнини кои силно ја илустрираат современата историја и развој на Северна Македонија: 30 години од прогласувањето независност, 20 години од Охридскиот рамковен договор и 1 година од нашето членство во НАТО. Поубав пресек од тоа каде беше и каде е денеска нашата земја не може да се посака. Има ли нешто поубаво од мозаик? А, македонскиот мозаик сјае со најубавите бои“, потенцира претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за електронското издание на угледниот словенечки весник „Дело“.

— реклама —

Премиерот Заев во интервјуто вели дека со Охридскиот рамковен договор во август 2001 година беше ставен крај на конфликтот и беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите.

„Државата покажа капацитет да се справи со сериозен предизвик и притоа се потпре на своите партнери од меѓународната заедница. Во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на тест, покажавме дека сакаме да живееме во заедничката држава и дека можеме да се сложиме да напредуваме сите заедно“, нагласува премиерот Заев во интервјуто за „Дело“.

— реклама —

Заев додава дека Охридскиот договор е одраз на новиот дух на водење политики, политики коишто градат мостови, а не ги рушат, политики коишто ги сплотуваат граѓаните и не ги делат на патот на кој ја обезбедуваме иднината на нашата земја како дом во евроатлантската заедничка куќа со другите народи.

„Нашата определба e да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел e да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики. Токму оваа цел е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина. Затоа со право се залагаме и велиме дека различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство и за наша предност“, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Заев во интервјуто за интернет изданието на словенечко „Дело“ кое ќе биде објавено и во печатеното издание на весникот.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања