Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев: Заедничките напори не беа попусто , преговорите за членство ЕУ не подоцна од октомври оваа година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zoran_zaev_obrakanje

Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто.

Исто така, со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година.

За нас беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува. Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи.

— реклама —

Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година.

— реклама —

Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината. објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања