Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев заедно со владина делегација се сретнаа со вработените во „Еурокомпозит“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_5021

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“.

Состанокот меѓу делегацијата на Владата на РМ и претставниците на „Еурокомпозит“ се одржа во конструктивна атмосфера и со единствена цел да се разгледаат предлозите за трајно решение на деценискиот проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови.

— реклама —

На средбата беше истакната заедничката цел да продолжи производството, да се обезбеди ново производство, и да биде платен трудот на вработените.

На вработените им беа презентирани понудите од потенцијални инвеститори, а посебно внимание беше посветено на една од нив која има најповолни елементи. Се работи за инвеститор  кој работи во областа  на наменската индустрија сосема соодветна на профилот на „Еурокомпозит“, со што се отвора можност за решение во рамки на законите, кое ќе овозможи фабриката да продолжи да работи на задоволство на вработените.

— реклама —

На средбата меѓу владината делегација и претставниците на „Еурокомпозит“, заеднички е договорено да се разгледаат сите аспекти на решението и во следните 15 дена да се донесе заедничка одлука од интерес на вработените и за економскиот развој на регионот и на државата.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања