„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев:Буџетот е стабилен како никогаш досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-odgovornost

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во Собранието на РСМ, на седницата на која се гласа за двајца нови министрии тројца заменици-министри најави нови ефективни економски мерки кои ќе произлезат од ребалансот на Буџетот, кој треба да помине наредната недела на Владина седница, и додаде дека Буџетот е стабилен како никогаш досега.

— реклама —

„Веќе следната недела ќе го предложиме ребалансот на Буџетот за да видите каква широчина им отвора на министерот за финансии и на економските ресори, како и на сите други ресори при креирањето на политики. Сите политики од економската сфера немаат ниту еден цент, ниту едно дени од кредити. Еврообврзниците и задолжувањата на домашниот пазар одат за враќање на старите кредити кои што доспеваат или за изградба на инфраструктура. Целото задолжување што го правиме оди за изградба на инфраструктурни проекти. Финансирањето на плати, на пензии на социјалните трансфери, здравството е од сопствените средства. Дел од кредитите одат железницата на Кооридорот 10, за патиштата, за гасификацијата, за болниците, но тоа се инфраструктурни проекти кои што враќаат пари назад“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Северна Македонија потсети дека оваа влада наследи долг од 49 отсто од БДП-то, а дека сега тој изнесува 46,6 проценти и дека ќе продолжи да се намалува.

— реклама —

Премиерот Заев информираше дека заемот за Клинички центар во моментот е во постапка на одлучување и ја чека новата министерка.

„Конзорциумотавстриски банки понуди поевтин кредит во споредба со ЕБРД, Европска инвестициона банка, и Светска банка. Ќе продолжиме и понатаму со процесот транспарентно, и ќе се отворат сите понуди за да се знаат“, рече Премиерот Заев во врска со кредитот од 500 милиони евра за изградба на Клиничкиот центар.

-XJ3TOUmDEM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања