Македонија го изгуби високото десетто место на ранг-листата на најзагадени држави, а Скопје на најзагадени градови. Но останаа во првите дваесет. Загадениот воздух не е минато, а на скалата сме 18. држава во светот по количество на ПМ10 честички кои се штетни по здравјето.
Најзагадено е во Скопје, односно Општина Ѓорче Петров. Потоа, Битола и Тетово. На листата се приклучува и Чаир, а по оваа скопска општина и градовите Кичево, Кавадарци, Струмица, Велес, Гостивар.

Загаденоста во Скопје и изминатите денови беше на високо ниво.
Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот
Скопје и оваа зима е загадено.Откако синоќа повторно градот се проби меѓу првите 10 држави во светот според загаденоста, утрово забележан е благ пад на 21-то место, покажуваат податоците на „Ајкјуер“.Покрај Скопје, голема загаденост синоќа имаше и во Струмица. Во овој град измерени беа дури 679 mg/m3, што е осум пати над дозволеното.
Скопје | пред 2 години