Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Загина 19-годишна девојка во судир меѓу автомобил и мотоцикл: Возачот на автомобилот имал 1,75 промили алкохол во крвта, а мотоциклистот немал возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7djgeiaegpmg21sm8O4
Илустрација / Скопје1

Една 19-годишна девојка го загубила животот, а возачот на мотоциклот бил повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица–граничен премин Ново Село, кај Турново.

Несреќата се случила околу 23:30 часот, кога се судриле патничко возило „сеат леон“, управувано од 29-годишниот С.Б. од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од Иловица.

— реклама —

Во судирот, 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот, се здобила со тешки повреди и починала на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

— реклама —

Возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

При увидот, кај возачот на „сеатот“ било извршено алкотестирање, при што биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта. Тој бил лишен од слобода.

— реклама —

Полицијата дополнително утврдила дека мотоциклот не бил регистриран, а 19-годишниот возач го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

— реклама —

На местото извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Струмица–граничен премин Ново Село кај Турново бил целосно во прекин од полноќ до 02:30 часот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 4 минути

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 1 час

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања