Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Загина човек во пожар во штипско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pozarnaohrid3

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката''.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

— реклама —

Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања