Промени тема
Контакт

Загинати се возачот и сопатникот на пасатот во сообраќајката на Плетвар, МВР соопшти детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
brza-pomos-nokje-3

МВР утринава соопти детали до страшната соображајна несреќа на Плетвар што се случи вчера, а во која има две жртви со смртни последици и уште тројца се тешко повредени.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymkii53gn4r9g6qyf2BP

Тетовец запалил отпад во дворот, огнот се проширил на соседна земјоделска парцела

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryl57p2o6jkug75UUGPVk

Удрил во ограда и се превртел на автопатот Велес – Скопје, тешко повреден 59-годишен возач од Чешка

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот, 58-годишник тешко повреден

Македонија | пред 2 часа

media-libraryckij20ejrh149ZBcYtG

Лажно пријавила дека од домот ѝ бил украден накит вреден 3.000 евра, кривична за 24-годишна девојка

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања