Промени тема
Контакт

Заглавено комбе со 15 луѓе кај подвозникот кај Бит Пазар, поплавени и станови во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-08-30-at-18.39.51

Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.

— реклама —

Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.

— реклама —
— реклама —

На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 - пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример) но сепак тоа е пријава од лице место на засегана страна. За ова се веже известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.

Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно 15-етина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања