„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Охрид
1L3A7572

Вчерашниот концерт во рамки на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Во црквата „Света Софија“ настапи ансамблот „Загрепски солисти“ кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите кои, пак, ги наградија хрватските уметници со стоечки овации.

— реклама —

Цели седум децении успешна работа на ансамблот во голема мера се должи на огромниот влог на бројните талентирани хрватски музичари кои биле дел од овој состав низ годините и оставиле силен печат со својата посветеност, дисциплина, ентузијазам и љубов кон камерното музицирање.

— реклама —

-Загрепските солисти не се првпат на „Охридско лето“. Порано сме настапувале почесто, потоа не бевме подолго време, но се надевам дека ќе дојдеме повторно за кусо време. За вечерва подготвивме специјален репертоар што е многу интересен во смисла на тоа што се дела кои ансамблот често ги изведува. Почнавме со 10. Гудачка симфонија од Феликс Менеделсон, а продолживме со дело кое е посветено на 70-годишнината од постоењето на Загрепските солисти од хрватскиот композитор Фано Параќ. Првиот дел го заокруживме со Симфонија d-moll од Луиџи Бокерини. Во вториот дел од концертот ја изведовме Сувенири од Фиренца од Петар Илич Чајковски, едно од капиталните дела во гудачката литература, рече по завршувањето на концерот Крунослав Мариќ дел од ансамблот „Загрепски солисти“.

Широкиот репертоар на овој ансамбл вклучува дела од сите епохи со особена посветеност на пронаоѓањето ретки и неизведувани дела, како и промоција на новите генерации хрватски композитори.

-Секоја година имаме по една праизведба на дела од хрватски композитори, но исто така често ги ставаме на нашиот репертоар делата од хрватските автори. Тоа е една од нашите задачи, појасни Мариќ.

Досега овој ансамбл има одржано преку 4000 концерти на сите пет континенти во престижните сали како „Музикферајн“ (Виена), „Концертгебау“ (Амстердам), Ројал Фестивал Хол (Лондон), салата „Чајковски“ во Москва, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Санта Чечилија“ во Рим, „Опера хаус“ во Сиднеј, „Викторија хол“ во Женева, Театарот „Реал“ во Мадрид, Театарот „Колон“ во Буенос Аирес, во дворецот „Версај“ и др.

Гостуваат на најпрестижните музички фестивали во светот како оној во Салцбург, Прага, Единбург, Берлин, Берген, Барселона, Истанбул, Дубровник и други, а со нив како солисти настапуваат водечките солистички имиња како Хенрик Шеринг, Алфред Брендел, Џулијан Рахлин, Кристијан Ферас, Пјер Фурние, Леонард Роуз, Џејмс Голвеј, Жан-Пјер Рампал, Алдо Чиколини, Катја Ричарели, Лили Ласкин, Зузана Ружичкова, Марио Брунело, Изабел Морети, Ги Туврон, Марк Копеј, Реј Чен и многу други.

Концертот на „Загрепските солисти“ беше поддржан од Амбасадата на Република Хрватска во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv6ckb357v0a531hOCyU

(Видео) Фан на Теа Таировиќ направи колут напред и назад, проба да стои на раце – публиката во Скопје во делириум

Магазин | пред 1 месец

media-librarylu0b9tvrla0ve776MZk

Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“

Магазин | пред 1 месец

media-library381v44m3vsoocJmm4F1

(Видео) Toj пристигнува во Скопје: Спектакл што ќе ја разниша арената „Борис Трајковски“ во декември

Настани | пред 2 месеци

media-libraryt2a3l73p7km53VNofzK

(Видео) Од аплаузи, до солзи: Слаткар и Тони Зен со три часа музика, емоции и текстови што ја трогнаа цела сала

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања