„Загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
IMG_4387

„Голем одмор...Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ....". Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво... Оффф ГОСПОДЕ“, вели учителка во објава на социјалните мрежи.

— реклама —

„Немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели .... Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата... Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели"

— реклама —

Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации? Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.

— реклама —

Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!

Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства...“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања